Македонскиот прволигаш Шкупи се пофали со реновирани клупски простории, а само ден подоцна, објави дека непознати лица провалиле и ги украле телевизорот и ТВ проекторот.
„Синоќа на стадионот Чаир, провалено е во просторијата во која се одмораат фудбалерите на Шкупи пред и после тренинг, била скршена вратата и украдени се телевизорот и проекторот. Прашуваме кои зли духови го направиле овој вандалски чин. Не можеме да разбереме како луѓето можат да бидат толку злобни, нечесни и безлични. Навистина не можеме да го разбереме. Тие што го направија овој чин се срам за Чаир и се нечесни. Казната за нив ја препуштаме прво на Господ, па на полицијата и на жителите на Чаир. Уште еднаш се надеваме дека овие луѓе ќе бидат пронајдени и чаирчани ќе им плукаат в лице на овие бесрамни луѓе. Сигурни сме дека државата и полицијата ќе постапат правилно и ќе ги најдат овие луѓе“, се вели во реакцијата на ФК Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













