На денешната седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
У.О. на ФФМ го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при Фудбалската федерација на Македонија;
У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.
У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.
У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski