Connect with us

ЛШ: Спектакл во Глазгов, одлуката во Ајндховен

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс и ПСВ Ајндховен ремизираа 2-2, додека Антверпен и Копенхаген победија во првите натпревари од плејофот за Лигата на шампионите.


Највозбудливо беше во Глазгов каде Ренџерс и ПСВ ремизираа со четири гола.

Иако ПСВ беше поконкретен, сепак домашните беа тие кои поведоа. Во последната минута од првото полувреме, по грешка пред шеснаесетникот, Десерс го проигра Сим, кој погоди за 1-0.
ПСВ продолжи да доминира и во вториот дел, а во 61. минута Бакајоко го проигра Сангаре, кој израмни на 1-1.

Во 78. минута Дресерс повторно асистираше, а Матондо погоди за ново водство на Ренџерс. ПСВ повторно се врати, веќе во 80. минута, кога Бакајоко со втора асистенција го послужи Лук де Јонг, кој ги постави конечните 2-2.

Само три дена по драматичната елиминација на Динамо Загреб, АЕК му отиде на гости на белгискиот шампион Антверпен и загуби со 1-0, иако беше многу подобар ривал на теренот.
Во првото полувреме Грците имаа серија шанси пред голот на домаќините, но Гарсија, Кубер и Амрабат не беа фокусирани во завршната фаза на ветувачки акции.

Антверпен имаше една шанса и успеа да ја претвори во гол. Во 16. минута Кеита направи убав потег, а на крајот Винсент Јансен постигна погодок.

Во 51. минута Белгијците останаа со десетмина на теренот, но успеаја да го задржат минималното водство.

На третата вечерашна средба Раков не успеа против ФК Копенхаген кој ќе има гол предност (0-1) пред реваншот во Данска.

Решавачкиот гол беше постигнат во 9. минута кога Раковитан си постигна автогол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови