Младите фудбалери од генерацијата 2009. од Академијата на ФФМ предводени од тренерот Драган Начевски започнаа со тренинзи.
Претходниот период, оваа млада генерација одржа два тренинг кампови во Кнежино и Дојран. Во периодот од 28. јули до 4. август беше одржан првиот тренинг камп во Кнежино. Од 7. август до 13. август беше одржан тренинг кампот во Дојран.
Главниот тренер на генерацијата на фудбалери родени 2009 година, Драган Начевски даде свој коментар и видување за младата селектирана генерација на фудбалери.
„Претходниот период го искористивме на најдобар можен начин за да се подготвиме што подобро за активностите што не очекуваат наредниот период. Одржавме два тренинг кампови во Кнежино и Дојран. Задоволен сум што имав можност да ги имам на располагање сите 28 деца кои се дел од Академијата на ФФМ“.
„Децата се заедно цело време и имаат можност да се запознаат многу подобро, да се дружат и социјализираат. Со нас имаме и спортски психолог кој е многу значаен фактор, посебно во овој период кога децата треба да се развиваат на правилен начин и во вистинска насока“.
„На овие тренинг кампови, акцентот беше ставен пред се на физичката подготовка на децата, но го искористивме периодот и да поработиме на техничко – тактичките идеи. Задоволен сум од посветеноста и ангажираноста на децата на овие подготовки. Овие фудбалери се сеуште млади, пред нив е долг пат, но верувам дека со вистински пристап и ангажираност од сите, можеме да создаваме нови одлични фудбалери кои ќе бидат носители во своите клубови и репрезентацијата во иднина“.
„Во Академијата на ФФМ, младите деца ги имаат сите предуслови да се развиваат, да учат кои се вистинските вредности и да станат одлични фудбалери. Проектот е базиран на тренинг програма која е усогласена целосно со УЕФА тренинг програмата, се со една цел, вистински и правилен развој на овие млади фудбалери. Децата се сместени во зградата на ФФМ академијата, каде што имаат извонредни услови за напредок. Имаат редовен организиран превоз до училиштата каде што следат настава, сместени се во ФФМ академијата, имаат три квалитетни оброци, ментор кој е задолжен за нивното однесуванње во училиштето и надвор од него“.
„На секој тренинг работат четири тренери (главен, помошен, финтес и тренер на голмани), физиотерапевт и доктор. Во текот на целата школска година имаме на распоред од 15 до 20 меѓународни натпревари против репрезентации и клубови, со цел децата континуаирано да напредуваат и да се подобруваат и после двегодишниот престој во Академијата да се вратат во клубовите многу подобри и со поголемо искуство. Верувам дека ова е вистинскиот начин генерално да се подигне квалитетот на македонскиот фудбал“.
„Во оваа генерација на млади фудбалери има огромен број на талентирани деца кои се надевам дека ќе станат идни репрезентативци. Од истата оваа Академија произлегуваат еден Елиф Елмас, Влатко Стојановски. Давор Здравковски, Милан Ристовски, кои се фудбалери со одлична меѓународна кариера и стандардни репрезентативци.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski