Connect with us

Нилтињо го реши Вардар, Силекс доби подароци од Работнички, Брера и Тиквеш максимални

Шкупи се рехабилитираше за поразот од Работнички и го победи Вардар со 0-1, на второто гостување на стадионот „Борис Трајковски“. Новото засилување Нилтињо беше стрелец на голот во 79.минута од дуелот.


Напред одат АП Брера и Тиквеш, кои стигнаа и до втор триумф. Брера во Струмица славеше над Воска Спорт со 2-0, додека Тиквеш го декласира Гостивар на гости со 0-3.


Силекс го доби дуелот против Работнички со 2-0 и се опорави по поразот во Штип.

„Романтичарите“ направија кардинални грешки уште на стартот од мечот, па кратовци знаеја тоа да го искористат. Антонио Каланоски од пенал го отвори резултатот во шестата минута, а во 22.минута Марјан Ристовски го искористи недоразбирањето меѓу Стефан Деспотовски и голманот Игор Алексовски и зголеми на 2-0. Во финишот, Дин Аломеровиќ доби и црвен картон во составот на Работнички.


Брера стигна до втор триумф совладувајќи ја Воска со 2-0. Ване Крстевски во 15.минута донесе предност за струмичкиот тим која до крајот беше удвоена со голот на Агрон Руфати во 86.минута.
Тиквеш исто така е максимален по две кола. На гости во Гостивар, гостите од Кавадарци поведоа во 39.минута со голот на Куреж Гал, а во вториот дел постигнаа уште два гола за комплетен дебакл на домашниот тим. Џемал Ибиши во 51.минута зголеми на 0-2, а Иван Ивановски го постигна третиот гол за кавадаречкиот состав.


Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ја победи Брегалница со 1-0, а во финишот и двете екипи останаа со фудбалер помалку. Стрелец на победничкиот гол за „лавовите“ беше младиот Алексеј Славков во 78.минута од натпреварот.

ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ


ВАРДАР – ШКУПИ 0-1


СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0


ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0-3


АП БРЕРА – ВОСКА 2-0


МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1-0


ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (30.август)

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови