Манчестер Јунајтед ќе потпише договор со напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд. Трансферот сѐ уште не е официјално потврден од двата клуба, но водечките медиуми на Апенините објавија дека договорот е склучен и единствено останува да се оформи документација пред да биде објавен трансферот на Данецот како фудбалер на „црвените ѓаволи“.
Аталанта ќе добие 75 милиони евра, а на оваа сума може да се додадат уште 10 милиони во вид на бонуси поврзани со настапите на Хојлунд и резултатите на тимот.
Данецот ги договори своите лични услови уште минатата недела. Тој ќе потпише договор со англискиот клуб на пет години. Лекарските прегледи ќе бидат извршени во следните 48 часа.
Хојлунд постигна девет гола и забележа четири асистенции за Аталанта на вкупно 32 одиграни натпревари во Серија А минатата сезона. Италијанскиот клуб го продаде со огромна добивка, откако пред една година за него на Штурм му платија 17,2 милиони евра.
Австрискиот клуб го привлече за скромни 1,95 милиони евра во јануари 2022 година.
Аталанта веќе најде замена за Хојлунд во Ел Билал Туре кој пристигна од Алмерија за 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













