
Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на Бразил, прашање е само кога.
Глобо доцна синоќа за време на преносот од натпреварот помеѓу Бразил и Гвинеја потврди дека Анчелоти дефинитивно ќе стане нов селектор и дека Конфедерацијата (ЦБФ) ќе го чека во секој момент во 2024 година.
Главен план е Анчелоти да го преземе Бразил во јуни следната година, кога му истекува договорот со Реал Мадрид, но не е невозможно да го преземе порано во случај да добие отказ од „кралскиот“ клуб.
Флорентино Перез сака да го врати Зинедин Зидан на позицијата советник, а воедно и да има подготвена замена доколку дојде до непланирана разделба со Анчелоти.
Анчелоти е поласкан од упорноста на Бразил, и ќе влезе во историјата на „кариоките“. Неверојатен факт е дека во историјата на бразилската репрезентација само тројца тренери не биле Бразилци, а само еден бил од Европа.
Во далечната 1925 година на клупата седна Уругваецот Хоаким Гимараес Јоаким Платеро, потоа во 1944 година Флавио Коста Хореско, а последен странец беше Аргентинецот Филипо Нуњез, кој стана тренер во 1965 година.
Оттогаш, па до денес, секој тренер е Бразилец и практично Анчелоти веројатно би бил најголемото „небразилско“ име на клупата.
Останува да видиме кога, но Анчелоти ќе биде најголемата тренерска бомба во 2024 година, со цел Бразил да игра и да го нападне светскиот трон во 2026 година…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski