
Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Словенија со 2-1. Со двата гола на Елиф Елмас, нашиот национален тим славеше значаен триумф. Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од триумфот и од одличното издание на селекцијата.
„Ќе кажам…браво момци! Ова е победа на фудбалерите, ја посакуваа многу и успеаја да ја остварат. Сите си ја сакаат државата, играат со срце за Македонија. Благодарност и до публиката, ни беа голема поддршка. Бевме подобри, мислам дека заслужено стигнавме до триумф. Сега одиме за Полска, да имаме мирен лет, а потоа ќе се подготвиме и за дуел со лидерот во групата. И сакам сите што се блиску до репрезентацијата со малку поголем респект да гледаат кон фудбалерите. Елмас? Немам зборови. Се покажа на теренот“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
Утре националниот тим патува за Варшава, а следниот предизвик е Полска.
Словенија, пак, се надеваше на позитивен резултат од Скопје, но Матјаж Кек седна на истото столче (крајно десно) на кое провоцираше на пресот пред мечот и призна дека Македонија беше подобра. Славевме вечерва со 2-1 со двата гола на Елиф Елмас.
„Честитки за Македонија, заслужено победи. Ние потфрливме како тим. Колку што бевме добри на мечот на кој ја совладавме Полска, толку бевме лоши на денешниот меч. Илузорно е да се анализираат поединци, Македонија не доби со одлична тимска игра и поставеност. Ние можеме да честитаме и да се насочиме кон следниот меч“, изјави Матјаж Кек.
Словенците в недела во Љубљана ја пречекуваат селекцијата на Австрија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
