
Македонскиот прволигаш Работнички ја продолжува соработката со шефот на стручниот штаб Милан Илиевски и во новата натпреварувачка сезона 2023/24 во Првата фудбалска лига.
„Раководството на клубот ја анализираше изминатата сезона и иако нема многу причини за задоволство од конечниот пласман на табелата, сепак, задоволни сме од професионалноста и начинот на работа на шефот на стручниот штаб Милан Илиевски. Со него постигнавме договор за продолжување на соработката и во наредниот период. Откако ја доби довербата, Илиевски ја стабилизираше екипата, оствари позитивни резултати, а истовремено и промовираше голем број млади фудбалери во тимот, кои се стекнаа со неопходното прволигашко искуство и се светла иднина на ФК Работнички“, изјави претседателот Драган Поповски за официјалниот сајт на клубот.
Тренерот Милан Илиевски е задоволен што ја продолжува соработката со ФК Работнички и за наредниот период.
„Чест е да се предводи ФК Работнички, но и голема обврска. Благодарност до раководството на клубот за довербата, можам да ветам напорна работа, а уверен сум дека тимот располага со голем потенцијал и ќе се трудиме да го извлечеме најдоброто на секој натпревар за да ги исполниме целите на ФК Работнички“, изјави шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак
