Македонија без бело знаме пристигна во Варшава, а по победата над Словенија нашите фудбалери се оптимисти дека можат да го изненадат и лидерот во групата, селекцијата на Полска. Дефанзивецот Стефан Ристовски настапи повреден, но одигра значајна улога во големиот триумф над Словенците, а се очекува да биде еден од клучните фудбалери и на утрешниот меч со Полјаците.
„Пред дуелот со Полска може да ветам само дека повторно ќе играме максимално за Македонија. Можеби бевме отпишани од сите пред мечот со Словенија, но покажавме дека не се предаваме. Сега играме за историја… Да бидам искрен некои можеби уште не се свесни дека ние всушност се бориме за настап на Европско првенство. Ние утре може да испишеме историја, тука сме без предавање и со огромна желба уште еднаш да покажеме колку вреди ова семејство во соблекувалната, оваа репрезентација, оваа генерација“ – изјави Ристовски на денешната прес-конференција во Варшава.
Селекторот Игор Ангеловски смета дека фаворитската улога на Полска домашниот состав ќе мора да ја докаже на терен, што значи дека притисокот ќе биде врз ривалот, а не врз нашите фудбалери.
„Шансите за позитивен резултат се онолкави колку што ќе се избориме на терен. Носиме голем респект за Полска, но апсолутно ние утре ќе играме за нешто големо и може се да ни оспоруваат противниците но не може да ни ја скратат борбата за националниот тим, за својата земја, за себе. И утре знам дека момците повторно ќе го дадат максимумот за да дојдеме до неопходното“ – истакна Ангеловски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski