Connect with us

Челниците на ФФМ на Конгресот на УЕФА гласаа за нов мандат за Александар Чеферин

Во Лисабон се одржува 47. Конгрес на УЕФА на кој присуствува и тричлена делегација на Фудбалската федерација на Македонија.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и потпретседателот, Лазар Ракиџиев заедно со генералниот секретар, Филип Поповски гласаа за нов четиригодишен мандат за Александар Чеферин, како прв човек на УЕФА.

Изборот на Александар Чеферин за претседател на УЕФА со мандат до 2027 година е само една од точките на дневниот ред на 47. Конгрес на УЕФА. Делегатите го усвоија Извештајот на претседателот и Извршниот комитет на УЕФА за периодот 2021/22. како и финансиските извештаи за истиот период.

Во својот говор по добивањето на довербата, Чеферин, кој беше единствениот кандидат, им се заблагодари на делегатите за поддршката. „Ова е голема чест, но истовремено е голема одговорност кон фудбалот“, рече претседателот на УЕФА. Ќе дадам се од себе да не разочарам“.

„Фудбалот не припаѓа никому, поточно им припаѓа на сите: на играчите, тренерите, судиите, поддржувачите и волонтерите. Никогаш не смееме да заборавиме дека имаме должност да обезбедиме фудбалските интереси да преовладуваат над приватните интереси на неколку привилегирани поединци“, истакна Чеферин.

„Мораме да продолжиме да работиме заедно, ќе продолжиме да работиме заедно и тоа не само во време на криза, бидејќи самостојното практикување на власта се покажа дека носи само разочарувања. Затоа УЕФА го промени својот пристап. Клубовите и лигите се претставени во нашиот Извршен комитет. Никогаш не смееме да заборавиме дека фудбалот е инклузивен спорт, отворен за секого. Фудбалот постоеше пред да дојдеме, а ќе постои и кога ќе не нема. Но, во меѓувреме, се додека остануваме одговорни за тоа, мораме да дадеме се од себе за да го заштитиме. Да ги заштити играчите. Да ја заштитиме играта“, заврши Чеферин во обраќањето пред присутните делегати на Конгресот во Лисабон.

На 47. Конгрес во главниот град на Португалија, челниците на ФФМ, предводени од претседателот Сејдини имаа низа одвоени состаноци со високи претставници на УЕФА и билатерални средби со преставниците на останатите национални асоцијации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови