
Поранешната ѕвезда на Арсенал и на Барселона, Тиери Анри, кој моментално работи како ТВ коментатор, изјави дека Лионел Меси треба да се врати во каталонскиот гигант.
„Меси мора да се врати во Барселона поради љубовта кон фудбалот и поради начинот на кој го напушти клубот“, изјави Анри за „Prime Video Sport France“.
ПСЖ загуби со 0-1 на домашен терен од Лион во 29. коло од француската Лига 1, а Меси повторно доби свирежи од дел од приврзаниците на парижаните.
„Вознемирувачки е да се слушнат овие свирежи. Не можете да исвиркате еден од најдобрите играчи, ако не и најдобриот играч во тимот со 13 гола и 13 асистенции. Сакам да го видам Лионел Меси како ја завршува кариерата во Барселона“, изјави Анри, кој му беше соиграч во каталонскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
