Connect with us

Арсенал немаше проблеми против Лидс (ВИДЕО)

Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Арсенал, лесно и убедливо го совлада Лидс Јунајтед на „Емирати“ со 4-1 и ја врати предноста од осум бода во однос на Манчестер Сити. „Граѓаните“ имаат одиграно еден натпревар помалку.

Габриел Жесус изнуди и реализираше пенал за водство на „топчиите“ во 35.минута. Бен Вајт зголеми на 2-0 во 47.минута, а Габриел Жесус во 55.минута постигна и трет погодок за Арсенал.

Кристенсен во 76.минута стрелаше за Лидс, но Гранит Џака во 84.минута го постави конечниот епилог.

Борнмут го совлада Фулам со 2-1, а со идентичен резултат и Кристал Палас славеше против Лестер. Жан-Филип Матета во 95.минута беше стрелец на победничкиот погодок за домашниот тим.

Брајтон и Брентфорд ремизираа во дуел со шест гола, 3-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови