![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2022/11/mesi-argentina-1.jpg)
Договорот на Меси истекува на крајот од сезоната и едно од главните прашања е каде ќе игра од следното лето. Постојат неколку варијанти, актуелни беа разговорите за враќање во Барселона, но тешко е дека Каталонците ќе успеат да најдат пари за тој потфат.
Како што пренесуваат аргентинските медиуми, Меси им се доверил на соиграчите од репрезентацијата и најверојатно доколку неговиот татко Хорхе се договори, ќе игра уште една сезона за ПСЖ.
Тоа би значело продолжување на договорот, а кога ќе ја заврши таа обврска, еден од најдобрите фудбалери во историјата би имал 37 години, но тука не би бил крајот.
Според информациите од репрезентацијата на Аргентина, тој изјавил дека планира да ја заврши кариерата кај Дејвид Бекам во Интер Мајами. Американците му понудија да инвестира на тамошниот пазар, дури се шпекулира дека ќе му понудат процент од сопственоста на франшизата.
ПСЖ треба да му понуди пари во висина на актуелниот астрономски договор од околу 900.000 евра неделно, се вели дека Меси е приоритет, иако клубот ќе се обиде да го опкружи Мбапе со француски играчи.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal