
Фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, Гонзало Монтиел, пред неколку месеци беше најсреќниот човек во светот откако го освои трофејот на Светското првенство во Катар, но само неколку месеци подоцна живее вистински пекол. Стрелецот на последниот пенал во рулетот во финалето против Франција е обвинет за сексуален напад, кој се случил уште пред четири години.
„Чинот се случил на 1 јануари 2019 година за време на роденденската забава на Монтиел, а учествувале неколку луѓе во куќата на фудбалерот и пенетрирале во жрвата. Девојката е модел, која не пие алкохол, но после две чаши на роденденот била речиси во бессознание, а тоа го искористиле злосторниците“, изјави адвокатката Ракел Хермида за аргентинското „Радио 10“.
Девојката имала куса љубовна врска со аргентинскиот фудбалер, а обвинението сега е проширено и поради закани кои го добивала од кругот на неговото семејство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
