
Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, не мисли дека саботната пресметка со шампионот во Бундес-лигата, Баерн Минхен ќе биде одлучувачка во трката за титулата, но секако ќе биде многу важна. „Милионерите“ се на врвот со бод предност пред баварскиот клуб.
„Тоа не е решавачки натпревар, но е многу важен. Самодовербата што ја имате кога ќе победите на ваков натпревар ви помага во следните натпревари. Се надевам дека ќе бидеме подготвени“, изјави Ројс.
„Титулата во Бундес – лигата е нешто посебно. Би било убаво да го прославиме овој трофеј со тимот и нашите навивачи во Дортмунд. Тоа е мојот сон“, додаде 33-годишниот Германец.
Тој пристигна во Борусија во 2012 година, веднаш по втората титула под водство на Јирген Клоп. После тоа Баерн ги освои сите шампионати во низа.
Ројс со „жолто-црните“ има пет трофеи, два Купа на Германија и три Суперкупа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
