![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/02/kvarackelija-so-sasuolo.jpg)
Грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија на рекордно брз начин ја освои Серија А со своите игри оваа сезона и стана нов миленик на фановите на Наполи. Нормално, за него веднаш се заинтересираа најголемите европски клубови, а првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис бара начин да го задржи и следната сезона.
Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Арсенал, Челси, се само дел од клубовите кои сакаат да го ангажираат, а Наполи се надева дека тој сепак ќе остане на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Наполи ќе му понуди нов договор и годишна плата од 4 милиони евра, што е повеќе од двојно од сумата што во моментот ја заработува Грузиецот. Дали тоа ќе биде и доволно за да остане во Неапол, ќе покаже претстојното лето.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal