![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2022/10/ansu-fati-333.jpg)
Таткото на Ансу Фати, ѕвездата на Барса кој не може да ја пронајде вистинската форма, даде интервју кое, најблаго речено, ја шокираше каталонската јавност.
Фати не може да се бори повеќе минутажа и позначајна улога кај Чави Хернандез, дури и кога е повреден Осман Дембеле.
Фати влезе во првиот тим како 17-годишник, прескокнувајќи ја Барселона Б и стана ѕвезда во подем. Со заминувањето на Лео Меси тој дури ја доби „десетката“ на грбот, но повредите го уништија. Трипати го оперираше истото колено, а кога заработи повреда на тетивата, ги игнорираше советите на клупските лекари да оди под нож и оттогаш никако не може да ја пронајде старата форма.
Сепак, неговиот татко Бори Фати смета дека Ансу заслужува поголема минутажа и поголема почит, како дете на клубот кое ја носи „десетката“ на Барса. Тој ги критикуваше сите во Барселона и рече дека повеќе нема да оди на натпревари на „Камп Ноу“, иако досега не пропуштил ниту гостувања.
„Ансу не сака да ја напушти Барселона, но сакам тој да успее. Не одам повеќе на стадион, лут сум на клубот. Сигурен сум дека повторно ќе се сретнеме со Жорге Мендеш за еден месец. Загрижен сум што Ансу игра толку малку. Зборуваме за играч кој е репрезентативец на Шпанија и кој израснал во „Ла Масија“. Тој заслужува многу повеќе од ова“, започна Бори Фати и продолжи да го критикува Чави.
„Не знам зошто Чави не му дава повеќе шанси. Тој има свои причини. Фати не му се лути, тој отсекогаш му беше идол. Но, како татко сум многу лут. Ми кажа Матеу Алемани дека клубот смета на Фати. Го советувам како татко да си замине, но тој не сака, не се согласува со мене и сака да остане. Да се прашувам јас, утре би заминал од Барселона. Му реков на Фати дека мора да си замине ако ситуацијата не се промени, но тој не се согласува со мене. Реал? Никогаш нема да кажам ништо лошо за нив, затоа што не знааеш што сѐ може да ти донесе животот“, изјави Бори Фати.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal