
Лионел Меси постојано се поврзува со враќање во Барселона. По две години, Аргентинецот е подготвен да си замине од ПСЖ, a желбата на аргентинскиот волшебник е да се врати во Барселона. Каталонското радио тврди дека токму Лео ја започнал приказната за враќањето на „Камп Ноу“.
„Потврдено. Враќањето на Лионел Меси во Барселона е повторно активна приказна. Тој побара од неговиот татко Хорхе да организира состанок со Жоан Лапорта и сѐ е веќе закажано. Деталите за потпишувањето на договорот ќе бидат договорени на состанокот”, соопшти каталонското радио.
Меси најголемиот дел од кариерата го помина во Барселона. Тој пристигна како момче и играше за првиот тим од 2004 до 2021 година кога замина во ПСЖ откако не можеше да се договори за нов договор со каталонскиот клуб.
Сепак, неуспехот со ПСЖ му донесе невидени критики од навивачите. Дури и беше исвиркуван на некои натпревари, по што дефинитивно одлучи да замине од Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
