Connect with us

Тухел сака да ги доведе Маунт и Ковачиќ во Баерн Минхен

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, веќе има трансферни планови за претстојното лето. Стратегот денеска го имаше првиот тренинг со Баварците, откако го замени Џулијан Нагелсман, кој пред неколку дена доби отказ.


Тухел има намера да доведе двајца играчи на Челси. Тој е заинтересиран за англискиот играч за врска Мејсон Маунт, како и за хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ. И со двајцата соработуваше во периодот додека беше на „Стемфорд бриџ“.

Договорот на Маунт со Челси истекува на крајот од сезоната, а досега двете страни не можат да постигнат договор за обновување на договорот. Се чини дека желбата на играчот е да го напушти лондонскиот клуб, а за него се интересираат и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

За Матео Ковачиќ исто така има голем интерес, но Тухел ќе се обиде да го убеди да се пресели во Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови