
По повеќе од една деценија успешна соработка, Атлетико Мадрид и Диего Симеоне се сѐ поблиску до разделба.
Сезонава „јорганџиите“ испаднаа во групната фаза од Лигата на шампионите, а моментално се на третото место во Ла Лига, но не се во борба за шампионската титула, бидејќи имаат дури 17 бодови помалку отколку лидерот Барселона.
Се чини дека има заситеност, а со месеци се споменуваше дека Симеоне, чиј договор истекува летото 2024 година, би можел да го напушти Атлетико на крајот од сезоната.
Италијанскиот „Тутоспорт“ денеска ексклузивно пренесува дека мадриѓаните го пронашле наследникот на Симеоне во Серија А. Тоа е тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.
Искусниот 65-годишен Гасперини е творец на модерната Аталанта, која се наметна во горниот дом на италијанската Серија А и имаше успешни епизоди во Лигата на шампионите.
Стилот на игра на Гасперини е сосема поинаков од оној на Симеоне. За разлика од Аргентинецот кој игра ултра дефанзивно и чека ривали на својата половина, за Гасперини важи спротивното.
Под негово водство Аталанта стана клуб кој се карактеризира со игра „човек на човек на целиот терен“, а таков начин на одбрана ретко се гледа во модерниот фудбал. Тоа би значело дека од следното лето би можеле да гледаме сосема поинаков Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
