
Германскиот првак Баерн Минхен тргнува по нови засилувања за следната сезона откако направи промена на тренерската позиција. Тренерот Томас Тухел кој го замени Џулијан Нагелсман, дал зелено светло за ангажман на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Србинот ги постигна двата гола на синоќешниот дуел за националниот тим против Црна Гора (0-2) во Подгорица, а денеска во италијанските медуми осамнаа вестите дека Баерн Минхен е заинтересиран да го купи по завршувањето на оваа сезона.
Баварците се подготвени во Торино да го испратат Серж Гнабри и процениле дека треба да доплатат 35 милиони евра. Прашање е како на оваа понуда ќе одговори раководството на Јувентус.
Јуве викендов ја пречекува Верона, а дури во мај ќе ја дознаат судбината за 15 одземени бодови, и дали казната ќе биде намалена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
