Connect with us

Баерн Минхен ја следи ситуацијата со Гави и на лето ќе се обиде да го купи

Германскиот гигант Баерн Минхен продолжува внимателно да ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Барселона, Гави, тврди новинарот на „Скај Германија“ Флоријан Плетенберг. 18-годишниот Шпанец пред околу шест месеци потпиша нов договор со Каталонците до летото 2026 година.


Сепак, Каталонците никако не можеа да го пријават како првотимец поради финансиски тешкотии. Поради економските проблеми не е јасно дали Барса ќе може да прави трансфери и на лето. Затоа, клубот од „Камп Ноу“ може да биде принуден да се раздели со некој од нивните водечки играчи.

Гави би бил во искушение да заработи многу повеќе во друг клуб отколку како играч од Б-тимот на Барселона, доколку шпанскиот гигант не успее да го регистрира неговиот нов договор.

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата и ќе се обидат да го привлечат Гави во летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови