
Македонија стигна до две победи во период од три дена. После Малта, најдобрите македонски фудбалери вечерва славеа минимално (1-0) и против Фарски Острови во Скопје. Искусниот Илија Несторовски вели дека планот е реализиран.
„Ја остваривме целта. Пред почетокот на овој мини циклус посакувавме две победи, и ете успеавме да ги пствариме. Не беше лесно, затоа што против Малта и против Фарски Острови, целиот македонски народ очекува единствено победи. Но, знаеме дека денеска сите играат добар и квалитетен фудбал. Сепак, ние покажавме дека сме поквалитетни и на двата меча и успеавме да ги добиеме. Сега се фокусираме на следните искушенија во јуни, посакувам сите да останеме здрави и да одиграме на потребното ниво и на мечевите против Украина и против Англија“, изјави Илија Несторовски по денешниот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица

Прва лига
Нигериецот Олатунбосун го засили Арсими
