
Реал Мадрид е сериозно загрижен дека Тибо Куртоа би можел да пропушти еден месец поради повреда. Чуварот на мрежата го напушти кампот на репрезентацијата на Белгија и се врати во Шпанија поради проблем со адукторот.
Белгиската фудбалска федерација соопшти дека проблемот на Куртоа сепак е од полесна природа и голманот го напуштил тимот главно како мерка на претпазливост. Сега, сепак, шпанското издание „Спорт“ тврди дека повредата на голманот може да биде посериозна од очекуваното, па дури и да пропушти еден месец.
Ова може да биде голем удар за тимот на Карло Анчелоти, бидејќи „кралевите“ имаат многу важни натпревари во овој период, вклучувајќи го реваншот со Барселона за Кралскиот куп и двата меча од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal