Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Фарски Острови. Селекторот Благоја Милевски ќе направи одредени промени во тимот, посебно во одбраната, со оглед дека ќе ги нема на располагање голманот Столе Димитриевски, како и дефснзивците Ѓоко Зајков и Висар Муслиу. Се очекува дебито на новоповиканиот Јован Манев.
“Ќе има одредени промени, ќе добијат шанса дел од останатите фудбалери, но фокусот и целта секако остануваат исти, целта е победа на Македонија и добра игра. Верувам дека фудбалерите ќе одговорат на предизвикот иако се чувствува и замор. Што се однесува до Фарски Острови, покажаа многу трка на нивниот последен меч со Молдавија, а имаат само еден пораз на последните осум натпревари. Одамна нема веќе во фудбалот фаворити и аутсајдери, но ние секако сме максимално фокусирани на нашето издание”, изјави селекторот Милевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski