
Манчестер Јунајтед сака да ја купи младата ѕвезда на Данска, Расмус Хојлунд, следното лето како засилување за нападот. 20-годишниот фудбалер оваа сезона е бум во дресот на Аталанта во Серија А, а исто така блесна со хет-трик за Данците во квалификацискиот натпревар против Финска. Сето ова не остана незабележано од „црвените ѓаволи“, кои се распрашуваат за можноста за негов трансфер на лето, тврди „Типсбладет“.
Хојлунд беше доведен во Аталанта од Штурм во 2022 година и постепено почнува да го открива сериозниот потенцијал што го има. Досега има осум гола и две асистенции на 25 натпревари за тимот од Бергамо во сите натпреварувања.
Висок е 191 см и со стилот на игра потсетува на Ерлинг Холанд. Доколку Манчестер Јунајтед реши да го таргетира, тој би бил многу поевтина опција од останатите напаѓачи кои се предмет на интерес од англиските гиганти, Виктор Осимен и Хари Кејн.
Сепак, неговите добри игри го привлекоа вниманието и на други големи клубови, во трката се и Арсенал, Челси и Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на клупата на Ајакс?
