
Англискиот првак Манчестер Сити сака да го направи својот напаѓач Ерлинг Халанд (22) најплатен играч во Премиер – лигата давајќи му плата од 568.000 евра неделно. Норвежанецот, кој сезонава постигна 42 гола на 37 настапи, според англиските медиуми моментално заработува 375.000 фунти или околу 426.000 евра.
Иста плата во Премиер – лигата имаат неговиот соиграч Кевин Де Бруин и голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа. Но, Сити сега сака да му ја зголеми платата на половина милион фунти неделно, односно 568.000 евра, нагласувајќи дека богатите сопственици на клубот од Манчестер сакаат да го задржат Халанд за да не се пресели во Реал Мадрид.
Актуелниот договор на Халанд со Манчестер Сити е до 2027 година. Со новиот би ја продолжил соработката до 2028 година. Тој дојде во Сити откако Англичаните ја активираа неговата откупна клаузула од 60 милиони евра, која ја имаше во Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на клупата на Ајакс?
