Дефанзивецот Хари Мегваер ги истакна сериозните амбиции на националниот тим на Англија да го освои претстојното Европско првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија. Сепак, тој нагласува дека „трите лава“ мора прво да се квалификуваат на завршниот турнир.
Англичаните ја започнаа својата кампања во квалификациите со летечки старт во Неапол и победа од 2-1 над Италија.
„Каков резултат очекувам од настапот на Европското првенство? Мислам дека на мои години, а сега имам 30 години, ако не го освоиме турнирот, тоа ќе биде неуспех за мене. Но, прво треба да се квалификуваме. Имаме тешка група, но остваривме одличен резултат против Италија. Конечниот исход на големите турнири го решаваат и најмалите детали. Игравме многу добро на Светското првенство и на крајот бевме елиминирани од силната репрезентација на Франција. Тие низ годините докажаа дека можат подобро од нас да си ја вршат работата. Значи, тоа е она на што работиме. Имаме толку многу таленти и толку многу млади играчи“, изјави Мегваер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













