Шеикот Јасим бин Хамад ал Тани, кој се смета за фаворит за купување на Манчестер Јунајтед, ја доставил својата втора понуда, објавија медиумите во Англија. Различни извори тврдат дека претставниците од Блискиот Исток остануваат уверени дека нивната понуда е најдобрата за купување на клубот.
Се претпоставува дека се работи за понуда вредна околу 5 милијарди фунти и е слична на онаа на другиот голем фаворит, Сер Џим Ретклиф. Британскиот милијардер го поднесе својот предлог во четвртокот вечерта.
Катарските претставници уште во средата беа подготвени со својата понуда, но решија да го одложат испраќањето откако беа информирани дека британскиот милијардер побарал повеќе време.
Според медиумите на Островот, дојдени се и неколку други понуди со предлози за малцински удел во клубот, што ќе им овозможи на сопствениците од семејството Глејзер да извршат реконструкција на „Олд Трафорд“ или изградба на нов стадион, подобрувања на базата на клубот, притоа задржувајќи ја целокупната контрола на клубот. Една од нив е од американската инвестициска групација „Елиот“, која беше сопственик на Милан.
Се очекува инвестициската банка „Раин“ да ги разгледа понудите и наредната недела да комуницира со потенцијалните купувачи за следните чекори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













