
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, изјави дека парижаните сакаат да ги задржат сите свои ѕвезди и следната сезона, Лионел Меси, Серхио Рамос и Килијан Мбапе.
Договорот на светскиот шампион Меси е само до крајот на сезоната и тој допрва треба да донесе цврста одлука за својата иднина. Аргентинецот е во силно искушение и има понуди и од Барселона и од Интер Мајами.
Медиумите во Франција тврдат многу посигурно е останувањето на Серхио Рамос, кој имаше тешка година во првата сезона со парижаните, но оваа година се наметна во составот и сака да остане на „Паркот на принцовите“ и следната година.
Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2024 година, а Французите ќе направат сѐ за да го задржат дел од тимот и следната година, иако неговото име повторно се поврзува повторно со Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
