Фудбалската репрeзентација на Македонија ја победи Малта со 2-1 на арената „Тодор Проески“ и успешно го отвори новиот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО 2024 во Германија. По скромниот прв дел, конечно вистинското лице на Македонија во второто полувреме.
Селекторот Благоја Милевски нареди потполна офанзива, а Елиф Елмас во 66.минута донесе водство, по асистенцијата со глава на Бојан Миовски. Шест минути подоцна, Дарко Чурлинов по една соло акција од десната страна, упати удар со левата нога во поблискиот агол и зголеми на 2-0.
Но, Малта не се предаде така лесно. Јаник Јанкам во 86.минута ја затресе мрежата на Столе Димитриевски за 2-1.
Сепак, Македонија успеа да го одржи водството до крајот. Енис Барди во 90.минута ја погоди гредата од слободен удар. Во финишот, селекторот Благоја Милевски доби црвен картон.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski