Connect with us

Адеми ќе потпише за Пекинг Гуан, а Динамо Загреб ќе добие милион евра

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се наоѓа на чекор до трансфер во Кина. Негов следен клуб треба да биде Пекинг Гуан, открија кинеските медиуми.

Пекинг Гуан ги средил финансиските проблеми поради кои минатата сезона не можеле да ангажираат странци, па за новата сезона веќе го имаат договорено Адеми како ново засилување. Динамо Загреб за овој трансфер ќе заработи еден милион евра.

Адеми треба да потпише тригодишен договор, со годишна плата од околу 3 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови