Македонскиот второлигаш Пелистер испрати реакција во која бара од ФФМ, односно Дисциплинската комисија, во најбрз можен рок да се донесе одлука за постапката против лидерот Гостивар и фудбалерот Гордијан Христовски.
Сето ова поради регуларност за понатамошниот тек од првенството во Втората лига.
„ФК Пелистер апелира што е можно побрзо да се донесе одлука за дисциплинската постапка врз ФК Гостивар за „случајот Христовски“, во интерес на регуларноста на натпреварувањето. Апострофираме да се почитува рокот од осум дена кој е наложен како период во кој треба да се донесе одлука за спорната регистрација на фудбалерот“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













