Поранешниот тренер на Вардар, Брегалница и на Македонија ЃП, како и екс-претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, почнува интернационална кариера. Тој ќе биде нов тренер на грчкиот второлигаш Каламата, а прв соработник ќе му биде Владимир Димитровски, поранешниот репрезентативец и играч на Вардар и на Работнички, кој сега живее во Грција, а неодамна ја заврши кариерата.
Каламата е член на Втората лига југ во Грција и во моментот се наоѓа на седмата позиција со пет победи, четири ремија и три порази.
Илчо Ѓорѓиоски оваа сезона ја почна како тренер на Брегалница, но потоа дојде до разделба со раководството на штипскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













