Неверојатен шок пред поаѓањето за Грузија. Еден од најдобрите македонски фудбалери, членот на Леванте, Енис Барди, нема да патува за Грузија. Тој се повреди на вчерашниот последен тренинг, а последиците се сериозни видливи утринава. Барди се „укочи“, има сериозни болки во ’рбетот и дијагностицирана е дискус – хернија. Тој едноставно не може да се движи и ќе остане хоспитализиран во клиниката „Систина“.
Ова е нов огромен проблем за селекторот Игор Ангеловски пред историскиот финален меч против Грузија кој се игра утре, со почеток во 18 часот во Тбилиси.
Во експедицијата нема да бидат и Кире Ристевски и Крсте Велкоски. Тие имаат позитивни тестови на коронавирусот. Вторите тестови правени пред денешното заминување, покажаа дека имаат симптоми на коронавирус. За среќа, барем останатите се негативни и ќе патуваат за Грузија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













