
Горан Пандев е македонска библија во Серија А. Историја е и во македонската фудбалска репрезентација. Игра цели 19 години во дресот на националниот тим, уште од периодот на Гоце Седлоски, Величе Шумуликоски, Игор Митревски, Александар Васоски…Сите тие одамна ја завршија кариерата, како впрочем и Каха Каладзе, поранешниот прославен грузиски фудбалер кој го носеше дресот на италијанскиот калчолигаш Милан.
Пандев е „од негово време“ во Серија А, тогаш беше член на Лацио и имаа жестоки пресметки на теренот.
Сега, во 2020 година, Каха Каладзе веќе три години е градоначалник на Тбилиси, влезе во политичките води, а Горан Пандев доаѓа во неговиот град да го „грабне“ Европското првенство.
Жестока ќе биде утре финалната пресметка меѓу Грузија и Македонија, само една селекција ќе „преживее“ и ќе ги исполни желбите на нацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
