Connect with us

Адеми побарал да си замине од Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, побарал да си замине од клубот. Тој е лут и навреден од односот на тренерот и раководството на клубот кон него, истакнува „Гол.хр“.

По ремито без голови на „модрите“ со Горица во првенството на Хрватска, Аријан Адеми одбил да зборува како капитен во соблекувалната, а по барање на тренерот Анте Чачиќ.

„Немам што да кажам“, потенцирал Адеми двапати, а Чачиќ останал зачуден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови