Гранде Пандев заслужи да се радува. Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија ја исполни мисијата, на залезот од фантастичната кариера се пласираше со националниот тим и на Европско првенство.
„Ваква среќа не сум доживеал. Сум играл многу натпревари досега, ама сега сум пресреќен. Мислам дека со искуството му помогнав на тимот да ја оствариме историската цел, настап на Европското првенство следната година“, изјави Горан Пандев во еуфоријата.
Пандев со Интер стана европски и светски првак, а круна на неговата богата кариера ќе биде настапот со Македонија на Европското првенство.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski