
Фудбалските херои поминаа долг пат за да стигнат во Македонија. Исто како што беше долг и патот до ЕП, на сличен начин, од Тбилиси преку Приштина до Скопје, патуваат а беа пречекани од највисока владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев.
„Ви благодариме што не пречекавте на македонска територија. Среќни сме што успеавме да го обединиме народот. Така ние живеевме во репрезентацијa пет години, ние сме едно големо семејство и така дојдовме до ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери, се надевам на уште поголеми спортски успеси“, изјави Ангеловски.
Горан Пандев се надоврза на селекторот.
„Благодарност до сите што не пречекавте. Сонот ни се оствари, сите заедно се радуваме и да настапуваме на ова ЕП со победи. Знаеме сите дека поминавме долг пат до ова ЕП, навистина дечките го заслужија ова и уште не сме свесни што направивме. Среќни сме, во следните денови ќе се свестиме дека сме на ЕП. Уште ние фудбалерите фалевме да се пласираме на едно ЕП. Не верував дека на 38 години ќе се пласирам на едно ЕП… добро што дојде овој коронавирусот, па ми ја продолжи кариерата уште малку. На цела Македонија ѝ се оствари сонот“, изјави Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
