
Аријан Адеми е мажиште од европска класа. Не издржа срце негово да не игра иако имаше сериозна повреда на квадрицепсот на десната нога. Одигра фантастично повеќе од еден час како Хајлендер, бестрашен во дуелите, а со истенчено фудбалско чувство за вистинско додавање и градење на акција на нашиот национален тим.
На крајот, мораше да ја напушти играта, вистинско чудо е што издржа и толку со таква сериозна повреда. Доби лекарска интервенција, блокада на мускулот. Но, за жал, ја обнови повредата и речиси сигурно нема да може да и помогне на Македонија на двата наредни натпревари, против Естонија во Скопје и против Ерменија во Никозија, во битката за освојување на првото место во групата Ц од тековниот циклус во Лигата на нации.
„Ова е лудило. Не жалам во ниеден момент што ја одбрав Македонија. Заслуживме да одиме на Европско првенство и целиот народ да се радува“, изјави Аријан Адеми.
Фудбалската репрезентација на Македонија по историскиот успех во Тбилиси синоќа во раните утрински часови се врати во Скопје, а од денеска продолжува со подготовките за наредните два натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
