Селекторот на фудбалската репрезентација на Грузија, Владимир Вајс, поднесува оставка на функцијата, по поразот од Македонија во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство. Тој истакна дека Македонија сосема заслужено оди на ЕП, по што им посака и многу среќа и успех.
„Мојата работа тука заврши. Истече времето. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи, новинари. Ова пет добри години во мојот живот и жалам што не успеавме“, изјави Вајс.
Македонија ја победи Грузија во Тбилиси со голот на Горан Пандев и првпат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување во сениорска конкуренција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













