Фудбалската репрезентација на Ерменија ја совлада Грузија во Тбилиси со 1-2 и ја чека Македонија на завршен двобој на Кипар во битка за првото место во Групата Ц од Лигата на нации. Македонија е лидер со девет бода, а Ерменија има бод помалку на втората позиција. Тоа значи дека на Македонија и одговара и реми во Никозија в среда за да ја оствари целта и да ја освои првата позиција.
Геворг Газарјан ја доведе Ерменија во водство во првиот дел, но израмни Валери Газаишвили од пенал во 65.минута. Сепак, Ерменија во финишот стигна до триумф со погодокот на Саргис Адамјан во 86.минута.
Холандија ја совлада БиХ со 3-1 во Лигата А. Џорџинио Вајналдум беше двоен стрелец, а во листата на стрелците се запиша и Мемфис Депај.
Бугарија на домашен терен загуби од Финска со 1-2, а Турците беа подобри од Русија (3-2).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













