„Десеткуваниот“ состав на фудбалската репрзезентација на Македонија ќе биде пополнет со тројца новоповикани фудбалери за мечот в среда против Ерменија на Кипар, кој директно ќе решава за првото место во Група Ц од Лигата на нации. Дарко Мицевски од Вардар, Душко Трајчевски од Докса (Кипар) и Томе Китановски од Македонија ЃП се тројцата нови фудбалери кои треба да се приклучат за утрешното патување во Никозија.
Тие се тестирани на Covid-19, но допрва ќе се очекуваат нивните резултати. Се разбира, тоа е последниот услов за да се приклучат на националниот тим за последниот меч од овој циклус во Лигата на нации, пресметката со Ерменија.
Ангеловски нема да може да смета на голем број стандардни репрезентативци за натпреварот против Ерменците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













