
Фудбалската репрезентација на Македонија утрово патува за Никозија, Кипар, каде в среда ќе го одигра последниот натпревар од тековниот циклус во Лигата на нации. Со надеж дека ќе го задржи првото место на табелата во групата, селекцијата предводена од Игор Ангеловски има изменет лик. Поголем дел од стандардните репрезентативци не се присутни поради повреди и суспензии, но селекторот повика дополнително нови фудбалери кои треба да се вклопат во националниот тим.
Атмосферата во репрезентацијата е одлична, а селекторот Ангеловски потенцира дека на Кипар треба да се заокружи и втората цел за оваа 2020 година, да се освои првото место во групата Ц од Лигата на нации. Тоа значи дека од следниот циклус Македонија би се натпреварувала уште едно ниво погоре, со поквалитетните фудбалски селекции во Европа.
Без Пандев, Адеми, Барди, Алиоски, Николов, Спировски и уште неколкумина, но, сепак, со позитивни мисли и верба во своите квалитети, фудбалската репрезентација на Македонија заминува на последното гостување за оваа година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
