Connect with us

Кипар не е неутрален терен: Петмина „кипрани“ во составот на Македонија

МАКФУДБАЛ.МК на Кипар,

Никола Ѓуровски

Македонија гостува на Кипар каде Ерменија принудно поради воениот конфликт во Нагорно Карабах треба да биде домаќин во последниот меч од тековниот циклус во Лигата на нации, но за еден голем дел фудбалери од нашиот национален тим ова не е „неутрален терен“. Селекторот Игор Ангеловски има „среќа“ во составот сега да има петмина интернационалци кои играат на Кипар.

Иван Тричковски кој ја носи капитенската лента по враќањето на Горан Пандев во Џенова, игра за АЕК Ларнака, а „домашни“ на Кипар се и Стефан Спировски, Дамјан Шишковски, Мартин Богатинов, како и новоповиканиот играч за врска од Докса, Душко Трајчевски. Спировски, сепак, нема право на настап на мечот в среда поради жолти картони. 

Во селекцијата на Македонија ќе отсуствуваат Горан Пандев, Аријан Адеми, Езгјан Алиоски, Елиф Елмас, Бобан Николов, Стефан Спировски и Столе Димитриевски. 

 
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови