Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг би требало да се врати во Доха откако пред неколку дена отпатува за Лондон поради семејни причини.
Неговата куќа беше ограбена од вооружени разбојници додека во неа во тој момент биле неговата партнерка и децата. Поради грижа за нивното здравје, Стерлинг веднаш се врати во Лондон откако дознал, со што го пропушти осминафиналето на Светското првенство со Сенегал.
Сега откако проблемите се решени, тој се враќа да биде во тимот на гордиот Албион за средбата со Франција во четврт-финалето на Мундијалот. Неговото семејство успешно се опоравува од претрпениот страв.
Натпреварот меѓу Англија и Франција е закажан за в сабота од 20 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski