Германскиот клуб Штутгарт, кој моментно се наоѓа на 16. позиција во Бундес – лигата и без тренер е речиси два месеци, го назначи Бруно Лабадија за нов шеф на стручниот штаб.
Лабадија (56) претходно беше тренер на Штутгарт од 2010 до 2013 година. Тој потпиша договор на две и пол години, до 2025 година, соопшти клубот.
Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен (1991-1994), беше тренер во Волфсбург (2018-2019) и во Херта Берлин (2020-2021).
Штутгарт имаше катастрофален прв дел од сезоната, почнувајќи со девет натпревари без победа.
Штутгарт, кој има само три победи од почетокот на сезоната, на 10 октомври ја прекина соработката со американскиот тренер Пелегрино Матарацо. Оттогаш, привремен тренер е Мајкл Вимер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













