Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, изјави дека „не му се допаднало однесувањето на Кристијано Роналдо кога беше заменет против Јужна Кореја“ во третиот натпревар на неговата репрезентација на Светското првенство.
На тој натпревар, кој Португалија го загуби со 1-2, Роналдо беше заменет во 65. минута. На видеото се гледа дека тој видно незадоволен ја напуштa играта, а по мечот објаснил дека бил лут поради конфликт со противнички фудбалер.
„Одговорив по натпреварот и ќе повторам: Не знам што се случи на теренот, само го видов како се расправа со Кореецот. Не сакам повеќе да зборувам за тоа, туку за утрешниот натпревар”, изјави Сантош.
Португалија и покрај поразот заврши на првото место во групата со шест бода. Јужна Кореја се најде на второто место со четири бода.
„Но, го видов видеото и воопшто не ми се допадна. Ваквите ситуации треба да се решаваат внатрешно и тоа е она што е направено. Тука ставив крај на ова прашање”, додаде Сантош.
Португалија утре ќе игра против Швајцарија во осминафиналето на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













