Македонската репрезентација до 16 години убедливо (0-4) загуби од Романија на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Младите романски фудбалери заслужено се радуваа на триумфот, откако доминираа во текот на целиот натпревар. Постигаа по два гола во двете полувремиња, а создадоа и многу повеќе опасни прилики за погодок во однос на нашата селекција.
Јанис Пирву уште во третата минута ја најави гостинската победа, а пред полувреме, во 37. минута прецизен беше и Петкулеску. Во продолжението, Илие зголеми на 3-0 во 57. минута, а конечниот резултат го постави Тома во 72. минута.
Двете репрезентации во четврток во 11 часот ќе одиграат и втор контролен натпревар.
Македонија до 16 години: Давид Илиоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Али Хисар (Златко Радевски), Марко Киш (Абдула Аслани), Стефан Младеновски, Каменчо Андоновски (Александар Грашевски), Алија Андреев (Марко Блажевски), Дејан Силјановски (Шаини Беркаи);
Селектор: Дашмир Беари
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













